Во Охрид денеска во тек е акција на МЈП „Проаква“ за чистење на резервоари и санација на поголеми дефекти.

Во текот на денот екипи на РЕ Водовод Охрид, почнаа санација на оштетен доводен цевковод со пречник од 700 милиметри, информираат од МЈП Проаква.

Поради преземените активности денеска има целосен прекин во водоснабдувањето на територијата на општина Охрид. Според најавите на Проаква, водоснабдувањето во делови од градот ќе почне да се нормализира од попладневните часови, а останатиот дел после отстранување на дефектот. Од јавното претпријатие информираа дека во текот на вечерта  целосно ќе биде нормализирано водоснабдувањето во Охрид.

OhridNews