По барање на А.Д. „Гранит“, сопственик на просторот кај поранешниот полигон за мали спортови во центарот на градот, Ј.П. „Охридски Комуналец“ врши расчистување на овој простор.

Ангажирани се сите оперативни служби на претпријатието околу подигање на расфрланиот ситен комунален отпад, кабаст отпад, отстранување на жбунеста и ниско стеблеста вегетација, уредување на крошните на дрвјата и косење на тревниот дел.

На одредени локации се интервенира со специјална механизација за темелно расчистување на отпадот и зелената вегетација.

OhridNews