Во рамки на одбележување на Неделата на борба против СИДА,  1-7 декември, тимовите за превенција од ХИВ/СИДА на Црвен крст Охрид викендов ќе ги посетат сите кафулиња и ноќни клубови во Охрид при што ќе одржат кратки едукативни  презентации, ќе делат едукативен материјал и кондоми.

Оваа година кампањата е насочена кон превенција на ширењето на вирусот на ХИВ и дестигматизација на заболените од ХИВ/СИДА, а се одвива под мотото “СЕКОЈ ЗАСЛУЖУВА ДА ГИ ЖИВЕЕ СВОИТЕ ПРАВА”.

Во склоп на кампањата, деновиве едукатори на Црвен крст Охрид одржаа повеќе предавања и работилници за ХИВ/СИДА со младите во основните и средните училишта.

Ohridnews