Јавното претпријатие „Нискоградба“ деновиве реализира неколку тековни активности во рамки на кои во населбата Коњско се изврши поплочување на патеките со бекатон плочки. Вкупната поплочена површина изнесува 230 метри квадратни.
Екипите на јавното претпријатие на булеварот „Туристичка“ наспроти маркетот „КАМ“, извршија и дислоцирање на пешачкиот премин на петнаесетина метри од постоечкиот. Дислоцирањето се изврши поради безбедносни причини. Во наредните неколку дена, преминот ќе се поплочи и ќе се облежат зебрите.
OhridNews