На 13 мај, недела, во големата сала на Центарот за култура, познатиот стендап комичар Никола Тодороски премиерно пред охридската публика ќе го изведе новото шоу „ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY”, или како што вели тој, за тие што бегале од часовите по англиски “ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИРОДНА ГЛУПОСТ“. Шоуто е дел од балканската турнеја на Никола низ пет држави и 23 градови. 

Се е подготвено за новото стендап шоу вели Никола, кој најавува 75 минути пеколна комедија која ја исмева човечката глупост. 

Продажбата на билети за големото стендап шоу на Никола Тодороски оди одлично, а тие можат да се најдат на касата на Центар за Култура од 10:00 до 20:00 часот, по цена од 200 ден.

 

OhridNews