Во црквата Успение на Пресвета Богородица во село Куратица во тек се градежни активности за изградба и опремување на конаци. Како што информираат од месната заедница од селото, на горниот кат предвидена е изградба на девет соби за спиење, купатило и тоалети.


Приземните простории со површина од околу 150 метри квадратни ќе бидат наменети за празници и прослави.

Целсоното завршување на градежните активности ќе се реализира со помош на донации од жителите на село Куратица и печалбарите кои, како што велат од месната заедница,  секогаш даваат голем придонес за селото.


Црквата “Успение на Пресвета Богородица” започнала да се гради во 2001, а нејзиното осветување е извршено во 2010 година.

OhridNews