Започнаа градежни активности за изградба на нов асфалтен пат од село Велгошти до црквата “Свети Никола”.

Се работи за патен правец кој се протега во стрмен планински потег. Проектот за изградба на патот е дел од овогодинешната Програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици и истиот предвидува тампонирање на основата и поставување на нов асфалт на коловозот. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 10.300.000 денари. – информира локалната самоуправа.

На официјалниот почеток на градежни активности на терен присуствуваше и градоначалникот Константин Георгиески.

Со новиот пат кон црквата “Свети Никола” се овозможува соодветен пристап до храмот и се исполнува долгогодишното барање на месната заедница и жителите на село Велгошти, соопшти Локалната самоуправа.

OhridNews