По убедливиот триумф против Нов Зеланд, Македонија обезбеди пласман во четвртфиналето од предолимпискиот турнир во Каракас. Кој ќе биде нашиот противник и каков воопшто ќе биде распоредот ќе биде познато по одигрувањето на последната рунда во мечевите по групи.

Распоред на натпревари

Група А
Грција – Јордан 107-63
Порторико – Јордан 93-52
04.07 Грција – Порторико

Група Б
Нигерија – Венецуела 69-71
Венецуела – Литванија 82-100
04.07 Литванија – Нигерија

Група Ц
Русија – Кореа 91-56
Кореа – Доминиканска Република 85-95
04.07 Доминиканска Република – Русија

Група Д
Македонија – Ангола 84-88
Македонија – Нов Зеланд 84-62
04.07 Нов Зеланд – Ангола

Првопласираните два тима во групата обезбедуваат пласман во четвртфиналето.

Распоред во четвртфиналето (петок 6 јули)

А1 – Б2

Б1 – А2

Ц1 – Д2

Д1 – Ц2

Во полуфиналето ќе играат
победникот од мечот A1/Б2 – Ц1/Д2, додека во другото полуфинале ќе
играат победниците од мечевите Б1/A2 – Д1/Ц2. 

Победниците во полуфиналните мечеви
ќе се квалификуваат за Олимписките игри. Поразените ќе одиграат уште
еден меч кој ќе го одлучи последниот патник.