Решетки, олуци, врати, огради, шахти…се што е од метал е на мета на крадците кои повторно се во акција. Најзагрозени се колективните станбени згради. Неодамна крадци ги однеле металните решетки од праговите пред влезовите на колективна зграда на ул. „Мирче Ацев“, а слични недела се забележани и во други згради. Украдените работи најчесто завршуваат на нелегалните отпади како старо железо.

OhridNews