“Се менува ли визурата на Охрид со новите урбанистички и архитектонски решенија?“ – е насловот на трибината што че се одржи денеска во Охрид.

Трибината се организира со цел да се слушне гласот на стручната и пошироката јавност, за одредени урбанистички и архитектонски решенија, кои драстично го менуваат изгледот на градот. Уверени сме дека ваквите решенија ќе предизвикаат социјални и културни импликации, кои ќе имаат негативни последици врз целокупното живеење во Охрид, велат од здружението „Совест“, кое е организатор на трибината.

Трибината ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 18:30 часот.

OhridNews