Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас потпишаа Меморандум за разбирање за намалување на цените во роаминг.

Со ваквиот чекор, максималните цени на роаминг услугите треба да се намалат до нивото на оние цени што се применуваат во Европската унија.

Како што рече министерот Манчевски, целта е до почетокот на летната сезона, граѓаните на двете држави да ги почувствуваат првите намалувања на цените, а следниот чекор е целосно укинување на роамингот.

OhridNews