Видиќ прво паузираше поради повредата на лигаментите, а потоа го повреди и менискусот што го примора на уште една пауза.
Поранешниот спрски репрезентативец во последните 18 месеци одигра само десет натпревари за тимот од Олд Трафорд.
Одбраната на Јунајтед сезонава не е на високо ниво примајќи 23 голови на 16 натпревари во Премиер лигата. Среќна околност за четата на Фергусон е расположениот напад, кој со четириесет голови е најефикасен во најсилната англиска лига.