Македонија нема да се најде во група со европска репрезентација во првата рунда од квалификациите за олимпискиот турнир во кошарка. Кошаркарскиот тим да се најде во Лондон 2012, ќе треба успешно да се минат квалификациите кои ќе се играат од 2 до 8 јули.


ФИБА ги подели 12. репрезентации во три квалитативни барабани. Во најслабиот се Ангола, Нигерија, Јордан и Кореја, во вториот се Доминиканска Република, Порторико, Венецуела и Нов Зеланд, а во третиот се европските тимови: Русија, Македонија, Литванија и Грција.

Ќе има четири групи со по три тима и првите два одат во четврт-финале. По четврт-финалето следуваат двете полуфиналиња и на крај меч за трето место (нема финале).

 

На ОИ одат двата победника од полуфиналето и подобриот од дуелот за трета позиција. Фиба се уште го нема одредено домаќинот на ова натпреварување, а интерес за организирање на квалификациите пројавуваат Македонија, Литванија, Венецуела и Порторико.

Ohridnews