Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против две лица од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „тешка телесна повреда“ и против едно од село Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „давање лажен исказ“.

На 03.03.2019 пред угостителски објект во Струга прво и второпријавениот физички го нападнале 42-годишно лице од Струга, при што му нанеле тешки телесни повреди. Третопријавениот се обидел да го спречи нападот, а подоцна во Полициската станица Струга  дал лажен исказ во врска со настанот.  

OhridNews