Регионалниот центар за гранични работи Запад, до Основно јавно обвинителсво Охрид, поднесе кривична пријава против пет лица, меѓу кои и двајца малолетници, сите од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување на исправа“.
На 31 август во 11.45 часот на Граничен премин Аеродром „Св.Апостол Павле Охрид“ тие се пријавиле за патување со фалсификувани грчки и италијански документи, информира МВР.












