Центарот за култура „Григор Прличев“ прави напори за заживување на охридскиот детски хор заради што  на 28 овој месец ја закажа и првата аудиција.

На аудицијата можат да се пријавуваат  сите заинтересирани вљубеници во хорското пеење на возраст  од 6 до 12 години.

„ Заживувањето на овој состав значи можност за спојување на најталентираните детски гасови во еден совршен репрезент на детското хорско пеење и претставување  на детските хорски фестивали во земјава и надвор од неа, велат во центарот за култура.

Хорот ќе работи под раководство на музичкиот педагог Билјана Маезанов, а неговото обновување е дел од годинешната програма во музичката дејност на националната установа.

Ohridnews