По средбата на раководството на СДСМ што се одржува попладнево, вечерва, со почеток во 20 часот, во хотелот Хилтон ќе се одржи средба со сите коалициски партнери кои ќе дадат поддршка на заедничкиот кандидат за претседател.

Како што изјави премиерот Зоран Заев се разгледуваат десет кандидати, има и фаворити според пораките на граѓаните за тоа што сакаат да видат кај претседателскиот кандидат.

По средбат во Хилтон се очекува да биде соопштено кој ќе биде заеднички кандидат за претседател на владеачката коалиција.