На денот на славата на манастирот „Сите Светии“ во селото Лешани, општина Дебрца, денеска (9.00ч.), ќе бидат осветени темелите на новиот конак во манастирот.

Светиот чин на осветување на темелите на монашкиот конак ќе го извршат Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско – Кичевски и Администратор Австралиско Сиднејски г. Тимотеј и Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско – Пелагониски и Администратор Австралиско Новозеландски г. Петар, во сослужение на старешината на Манастирот „СИТЕ СВЕТИИ“, Јеромонах Вартоломеј Пројковски и клирот на Дебарско – кичевската епархија.

 

OhridNews