Согласно програмата за работа и зимско одржување на магистралните патишта: булевар Туристичка, Железничка и улицата „15-ти Корпус, расчистувањето на овие патишта е во надлежност на Ј.П. “Македонија Пат”, обврска која завршува на 15-ти март. Со оглед на тоа дека нема најави за ниски температури и врнежи од снег, 15-тина дена порано, екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” започнаа со отстранување на сите абразивни средства фрлени во зимскиот период од страна на Ј.П. “Македонија Пат”.
Вработените во наредните денови ќе извршат целосно отстранување на овие средства, кои ги има во поголеми количини на овие патишта.












