Интензивно се работи на подготовка на техничката документација за замена на азбестните цевки за водоснабдување на градот Струга, информираат од Општина Струга.
Моменталната состојба со водоснабдувањето во голема мерка е отежната токму поради големите загуби на цевките кои се стари повеќе од 50-60 години со чести дефекти и загуба на вода во системот во некои делови од градот дури и до 70%, велат од општината.

OhridNews












