Во ОУ „Христо Узунов“ во тек се градежни активности кои ги преземаат техничката слушба на школото и ЈП „Градски Пазар“ за подобрување на условите и безбедноста на учениците.

Во дворот на училиштето се оградуваат тревните површини, се променува мрежата на спортското игралиште и се уредуваат кошевите, на делови се реновира и подот во ходниците како и дотраената лимарија, информираат од ОУ „Христо Узунов“.

OhridNews