Едно лице го загуби животот при превртување на скутер на Охридското Езеро. Несреќата се случила попладнево околу 17.30 часот на околу еден километар од брегот, во близина на струшкото село Калишта.
Очевидци го пријавиле случајот во полицијата, а веднаш била повикана и брза помош. На местото на првртениот скутер било пронајдено мртво машко лице, додека вториот патник, женско лице, не е повредено но се наоѓа во состојба на шок. Неофицијално, девојката е позната личност од албанската естрада.
На местото на несреќата во тек е полициски увид кој треба да ги разјасни причините за трагедијата.
Денешната несреќа, е петти инцидент од неделата наваму на Охридското Езеро. Претходно на Машка плажа скутер удри во педалинка при што беше повреденио 21 годишно момче, додека во друг инцидент 11 годишно девојче се здоби со повреди во пределот на десната потколеница кога во неа удри скутер во плитки води на плажа. Вчера скутерџии предизвикаа проблеми и на две охридски плажи. Поради зачестените инциденти Министерството за транспорт предвреме денеска ја активираше мерката за ограничување на пловидба на скутери со мотор посилен од 45 киловати, која требаше да почне на 20 јули. За жал на првиот ден од нејзината примена се случи нов, овојпат трагичен инцидент во кој има и жртва.
Со свеченост денеска беше означен почетокот на изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, значаен сегмент од Коридорот 8 и уште еден чекор кон целосно автопатско поврзување на Охрид и С...
SPAR го отвора својот прв маркет во Охрид во среда, 14 октомври, во 14 часот, во Охрид мол Брендот што започна како идеја за заедништво во 1932 година ја продолжува својата приказна во Охрид, носеј...
Од денеска, 12 октомври, започнува примената на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на подрачјето што го покрива СВР Охрид По завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, ка...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.