Товарно возило со полски регистарски ознаки, се преврте доцна попладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на аеродромот “Св. Апостол Павле”.

Во незгодата нема повредени, а причинета е материјална штета.

Товарното возило се движело во правец на Охрид, кога од засега непознати причини изгубило контрола и излетало од коловозот. – изјави за OhridNews портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

На местото на незгодата во тек е увид, а сообраќајот се одвива без застој.

Г. М.