Лидерoт на СДСМ Зоран Заев, денеска информираше дека серазрешуваат претседателите на 78 општински организации на владејачката партија.

 

Конечната одлука е токму таа, сите претседатели на општински организации, вкупно 78 претседатели на општински организации од 80 општини се разрешени и органите и телата на партијата веднаш ќе донесат одлука за отпочнување на постапка за избор на ново раководство. Со разрешувањето на претседателите на општинските организации паѓаат извршните одбори на локално ниво заради тоа што тие се формирани на предлог на претседателите на општинските организации. Верувам дека сето ова ќе предизвика едно возобновување на севкупниот амбиент на луѓе кои што се доста експонирани постојат за да бидат добра алка на премостување и решавање на проблемите на граѓаните, се со конечна цел сите да учиме од своите слабости и да бидеме уште подобри во периодот кој што претстои пред нас. – рече Заев.

Тој им се заблагодари на сите за активноста, работата и служењето на граѓаните како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија.

На сите оние претседатели на општински организации каде што се победи на изборите, апелирам да бидат повторно кандидати, нека се кандидираат на следниот конкурс што веќе уште идната седница ќе биде објавен во постапка. – додаде Заев.

Заев најави дека следуваат следните чекори во делот на промените, за коии граѓаните ќе бидат информирани.

OhridNews