Со цел да се санираат оштетувањата и да се подобрат условите за движење на возила и пешаци, Општина Охрид спроведува градежни активности за рехабилитација и санација на дел од улиците и пешачките патеки во стариот дел на градот.
Деновиве се работи на улицата „Самоилова“ каде што се врши прередување на старите гранитни плочки и поставување на нова тампон основа. На деловите каде што има поголеми оштетувања се поставуваат нови гранитни плочки. – информира локалната самоуправа.

Овие активности се дел од програмските планови за партерно уредување и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид се предвидени 1,2 милиони денари. – информира локалната самоуправа.

OhridNews











