Во средното економско училиште, во тек се бројни зафати за реконструкција. Се менува целокупната стара и дотраена столарија со нова, дограмата се заменува со енергетски ефикасна, а се изврши и молерисување на внатрешноста на сите простории во училиштето. Дополнително за прв пат се постави целосно нова компјутерска мрежа, односно се изврши каблирање на училиштето со што сега ќе има стабилна интернет конекција.
Увид во зафатите, денес, изврши градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој потенцираше дека ваквиот однос кон училиштата ќе продолжи и понатака.
Вкупниот буџет на зафатите во СОСУ „св. Кирил и Методиј“ изнесува 2 490 000 денари, средства одвоени целосно од буџетот на општина Охрид.

После неколку децении за прв пат се прават вакви крупни зафати во средното економско училиште. Реконструкцијата на учениците и професорите ќе им овозможат поефикасно одвивање на наставниот процес, велат од локалната самоуправа.
OhridNews












