Деновиве започна санирање на оштетените патишта и пополнување на дупките со нов асфалт на територијата на општина Струга.

Акцијата најпрво се спроведе во селото Октиси, каде што оштетениот локален пат веќе долг временски период претставуваше константен проблем за жителите од ова населено место.

Од општината информираат дека асфалтирањето продолжува денес и во наредните денови, на повеќе критични места во градот Струга.

OhridNews