Екипи на Јавното комунално  претпријатие, на  Македонија  пат и други служби од ноќеска се на терен и интензивно работат, на санирање на причините кои предизвикаа излевање на повеќе реки и канали во Охридскиот регион. Со помош на соодветна  механизација, се врши проширување на речните корита и се очекува за неколку часа да биде намален водостојот на реките и каналите во градот.


Според  локалната самоуправа, поплавите се резултат на обилните врнежи од  дожд, но како прична се наведува и несовесноста од страна на граѓаните, кои ги затрупуваат речните корита и канали со најразличен смет. Друга причина според нив  е и недоволниот капацитет на Колекторкиот систем, кој не може во целост да ги апсорбира водите од обилните врнежи.

Ohridnews