Екипите нa ЈП „Нискоградба“ денеска вршеја санација на раскопаните површини на улиците „Никола Петров Русински“, „Васил Главинов“ и „Питу Гули“.

Исто така, на улицата „Железничка“ се вршеше приклучување на фекалната канализација, додоека на „Аџи Мустафа“, „Коста Абраш“, „АСНОМ“ и „Абаз Емин“ се изврши машинско чистење на фекалната канализација.

„Рачно чистење на атмосферската канализација се спроведе на улиците „Коста Абраш“, „АСНОМ“ и населбата „Рача“. Во населба „Лескајца“ се оградуваше, обележуваше и бетонираше новото повеќенаменско игралиште со што го доби својот конечен изглед. Кај ресторанот „Котва“ се работеше на обележување на паркинг просторот.“  – информираат од претпријатието.

OhridNews