Невреме проследено со пороен дожд и грмотевици попладнево го зафати охридскиот регион. Низ улиците во стариот дел на градот и чаршијата течат реки вода.

Шахтите на улицата „Цар Самоил“ не можат да ги примат атмосферските води и се прелеваат. Се чувствува и силна миризба што укажува на мешање на атмосферската со фекалната канализација што е чест проблем во градот при пообилни врнежи од дожд како денешните.

Метеоролозите за денеска најавија дека Македонија ќе се најде под влијание на влажна воздушна маса. На повеќе ќе има услови за појава на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град. Кон крајот на денот времето постепено ќе се стабилизира.

OhridNews