Во близина на аеродромот Св. Апостол Павле, попладнево се случи сообраќајна незгода во која учествувале три возила, од кои две биле со странски регистарски таблички. Како што информираат од СВР Охрид, во незгодата нема повредени, а причинета е материјална штета.

На местото на настанот во тек е увид, кој треба да ги утврди причините за незгодата.

OhridNews