Сообраќајна несреќа се случи вечерва на регионалниот пат Охрид – Струга во близина на приватното училиште „Јахја Кемал“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, во незгодата учествувале две патнички возила и трактор. За среќа нема посериозно повредени во несреќата.

На местото на несреќата извршен е увид, за време на кој немаше прекин во одвивањето на сообраќајот, додаде Димовски.

OhridNews