Во Општина Дебрца во тек се градежни активности околу тампонирање на најоштетените и најнепристапни локални улици во селата Врбјани и Брежани.

„Се надеваме дека со тампонирањето на овие улици жителите ќе имаат подобра и полесна комуникација, како и олеснат сообраќаен пристап, вели градоначалникот Игор Трајкоски.

Како што информираат од локалната самоуправа, станува збор за тампонирање на две локални улици во село Врбјани, со ширина од 3 метри и вкупна должина од 600 метри, како и тампонирање на една локална улица во село Брежани со ширина од 3 метри и должина од 700 метри.

OhridNews