По „Swiss” и „Czech airlines” своите летови за Скопје ги прекинува и „Alitalia“, а како причина за тоа се наведува помалата продажба на карти од очекуваното.

Компанијата „Alitalia“ пред две ипол години ја воведе редовната линија помеѓу главните градови. Со откажувањето на оваа линија, Скопје останува поврзано со Италија преку нискобуџетната унгарска компанија  „WizzAir” со летови до два градови – близу Милано и  Венеција.

Инаку, ова ќе биде трет редовен превозник што ги прекинува летовите за Скопје со зимскиот ред на летање откако пред две недели и швајцарскиот авиопревозник „Swiss“ и чешкиот „Czech airlines“ ги прекинаа линиите од Женева и од Прага.

Од 2012  година македонската влада дава субвенции за летовите на унгарскиот нискобуџетен превозник „Њизз Аир”. Претставник на австриската авиокомпанија „Аустриан Аирлинес“ ја обвини македонската влада дека поттикнува нелојална конкуренција во авиосообраќајот. Европската комисија потврди дека на почетокот на оваа година почнала истрага во врска со политиката на субвенционирање.

OhridNews
извор Макфакс