Од Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” информираат дека во изминатиот период извршени се низа активности со кои се подобрува функционирањето на установата.

По налог на директор Горан Симоноски, секој петок е предвиден за претстава од редовниот репертоар од охридскиот Народен театар, а најновата детска претстава ќе се изведува најпрво за основците, а потоа ќе биде ставена на редовен репертоар. По подолг период ставен е повторно во употреба дигиталниот кино проектор, поставена е нова светлечка табла на кровот со новото лого и натпис на институцијата, со помош фирмата ГУГО од Охрид, реконструирани се излозите на кружното кај гимназија од сопствени средства и помош од фирмата СУНА за бои и лакови, извршена е санација на санитарните јазли со помош на бутикот ЕМИЛИ од Охрид.

  • Во тек е и редизајн на билетарата, со поставување нови украсни плочки, осветлување и следи нејзино досредување, исто од сопствени средства. Поставен е експонат од првиот кино проектор во ходникот во Центарот за култура, поставени се украсни саксии, жардиниери во главниот ходник и канти за отпадоци пред платото, а во преговори сме со одредени стопанственици да се реновира кино салата и сл, вели директорот Симоноски.

Симоноски ги повикува сите стопанственици, кои се во можност, да помогнат финансиски или со донации во понатамошното уредување на центарот за култура.

OhridNews