Денеска се поткаструваа гранки од чинарот кај Сојуз на пензионери. Пресечени беа неколку поголеми гранки кои влијаеле на стабилноста на дрвото. Вака уредената крошна според надлежните нема да претставува проблем за околните објекти и минувачите.

Инаку на иницијатива на Одделението за заштита на животната средина при општина Охрид, наскоро ќе започне санација и заштита на сите чинари во Охрид. Дел од нив иако се заштитени со закон, се во многу лоша состојба.

Проектот предвидува утврдување на состојбата на чинарите, изработка на елаборат за нивна ревалоризација, како и мотироинг и конзерваторски мерки за санација на чинарите кои се заштитен знак на Охрид.

Најстариот чинар според преданијата датира од пред 11 века.

OhridNews