Екипи од  „ Паркови и зеленило“ , деновиве,  интензивно го уредуваат паркот лоциран пред мостот кај каналот  Студенчишта.

Се отстрануваат киосците на чие место се засадува трева, а наскоро на целиот простор треба да се постави систем за наводнување, информираат од јавното претпријатие.

Се уредуваат и крошните од дрвата и отстрануваат суви гранки. Расчистена е и областа „Мазија“ , кај обновеното живеалиште на жолтиот локвањ.

OhridNews