Во село Велмеј во тек се активностите за реализација на проектот за партерно уредување со поставување на урбана опрема на јавниот простор пред изворите „Долни Исток”.
Како што информира градоначалникот Игор Трајкоски, со проектот предвидено е изградба на паркинг простор, поплочување на пешачки патеки, уредување на просторот пред старата воденица, озеленување на просторот, поставување на клупи и корпи за отпад и осветлување на просторот.

– Со проектот за партерно уредување се задоволуваат потребите од зголемување на просторот со зеленило, се оформува уреден паркинг простор, уреден пешачки простор и простор за одмор. Содржините од овој проект ќе го збогатат и разубават овој дел од селото и ќе допринесат за подобрување на квалитетот на животот на жителите, истакна Трајкоски.

За реализација на проектотот обезбедени се средства од буџетот на општина Дебрца во висина од 353.705 денари.

OhridNews