Екипи на ЈП “Охридски Комуналец“ деновиве ја искосија високата трева и го уредија просторот помеѓу коловозните ленти на бул. „Св.Наум Охридски“ до населбата Рача.
„Поради конфигурацијата на теренот кој не е нивелиран, косењето беше извршено рачно, па поради тоа расчистувањето се одвиваше со побавно темпо.“ – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Оттаму велат дека за расчистување на целиот потег и негово целосно партерно и хортикултурно уредување, потребна е преходна нивелација на теренот.
„Со оглед дека овој патен правец е во надлежност на ЈП “Македонија пат“, ЈП “Охридски Комуналец“ е подготвено доколку претходно се направи нивелација на теренот, на сопствен трошок да постави систем за наводнување и целиот простор да добие нов лик.“ – велат од претпријатието.
OhridNews