Пред отворањето на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ , екипите на „Паркови и зеленило“ извршија расчистување и уредување на тревниот дел над просторот за публиката од Антички театар.
Екипите на „Јавна хигиена“, во рамки на своите редовни активности околу одржувањето на јавната чистота, ја уредуваа улицата „15-ти корпус“ на потегот од кружната сообраќајница до порнешната фабрика „Застава“, каде се косеше тревата околу тротоарот и коловозот и се изврши метење на јавните површини.
Исто така хортикултурно се уредуваше просторот опфатен со станбените згради на влезот во Охрид, инфо-центарот и игралиштето.
Од ЈП „Охридски комуналец“ информираат дека денеска заврши и засадувањето на нови и дополнување на постојните садниците во бетонската жардиниера на улицата „Железничка“.
OhridNews