По завршување на туристичката сезона екипи на ЈП „Охридски комуналец“ интензивно работат на уредување на зелените површини од банкините и тротоарите на потегот од бензинската пумпа кај Билјанини извори до хотелот „Инекс Горица“.

Акцијата која ќе трае повеќе дена, се реализира во соработка со Агенцијата за државни патишта којашто е надлежна за одржување на регионалниот пат Охрид- Св. Наум.

На почетокот од акцијата охридските комуналци го расчистија овој патен правец од расфрланиот комунален отпад.

OhridNews