Акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти, што ја спроведува Општина Охрид, денеска продолжи со уривање на делови од хотелот „Грин спејс“ во близина на езерскиот брег, непосредно до стариот пат за Струга.

Како што појаснуваат од локалната самоуправа предмет на уривање се само бесправно изградените делови од објектот, најгорниот кат, котларата, како и други сегменти и бесправно партнерно уредување од хотелот од езерскиот брег.

Се што е со решение за остранување од објектот ќе се острани. – рече во изјавата за медиумите градоначалникот Константин Георгиески.

Тој појасни дека детектирани се повеќе случаи на легализирани објекти на охридското крајбрежје кои надвор од опфатената легализација доградувале и се проширувале, додавајќи дека сето тоа ќе биде острането согласно законот.

Сопственикот на објектот не сакаше јавно да ја коментира акцијата, но како што изјави кусо во телефонски разговор за медиумите смета дека акцијата е селективна.

Градоначалникот Георгиески вели дека нема никаква селективност што се покажало од досегашниот тек на акцијата за уривање на беспревно изградени објекти, доградби и конструкции на плажите на Охридското езеро.

Уривањето на бесправно изградените објекти се одвива согласно Планот за управување со Охридскиот регион кој произлегува од барањата на Реактивната мисија на УНЕСКО за зачувување на универзалните вредности на заштитеното светско природно и културното наследство на Охрид, информира локалната самоуправа.

Запрашан дали ќе биде отстранета незаконски изградената во близина на хотелот каде денеска работат извршителите Георгиески одговори потврдно.

Од пред неколку дена на општинските инспектори им се придружија колеги од државниот градежен инспекторат и ќе работат заедно и ќе ја спроведуваат акцијата за уривањето на дивоградбите во охридскиот регион, – рече Георгиески.

 

Акцијата има за цел зачувување на статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО, кој поради негрижата во изминатите децении може да биде ставен на Листата на заштитени подрачја во опасност, што е чекор кон целосно губење на статусот на заштитено светско природно и културно наследство. Општината најави дека акцијата ќе се одвива континуирано и неселективно и дека во иднина повеќе нема да се дозволат било какви градби на крајбрежјето и во градот кои ќе отстапуваат од Планот за управување со Охридскиот регион и актите кои треба да произлезат од него.

Постапувањето во делот на дивоградбите е обрска и на општините и на државниот градежен инспекторат, Оптшина Охрид постапува, но Струга не постапува што не е во ред затоа по завршувањето на изборите кога ќе имаме функционален пармалент повторно ќе предложам измени во законот за градежно земјиште затоа што сметам дека државата многу подобро ќе стопанисува и ќе се грижи за заштитените подрачја од општините. – изјави Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој денеска престојуваше во работна посета во Охрид.

Градот Охрид за преземените активности доби отворена поддршка од Европската унија и нејзиниот претставник во земјата, како и од амбасадорите на САД и Република Франција.

OhridNews