Секој обид за дискриминацијата на лицата со попреченост е нарушување на вроденото достоинство на човековата личност. Ова го истакна претседателот Пендаровски при посетата на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов, по повод Меѓународниот ден на лица со попреченост, 3 декември.

Истакнувајќи дека попреченоста наместо основа за разлики треба да биде основа за сличност меѓу луѓето, Пендаровски рече дека денес треба да зборуваме за пречките коишто постојат во општеството, а не за пречките кај луѓето.

Ќе го споменам пристапот за инвалидски колички, патеките за лица со оштетен вид, литературата со брајово писмо, преводите за глувонеми. Точно е дека има напредок и точно е дека многу институции и организации ги отстрануваат овие препреки, но ни останува уште многу работа како држава. – потенцираше Претседателот.

Пендаровски додаде дека многу посериозен проблем, којшто се’ уште постои, се старите предрасуди и стереотипи.

Овој Меѓународен ден е потсетување за нашата човечка должност да се грижиме за вашите права и слободи и вашата слобода да носите одлуки за вашите животи. – , подвлече претседателот Пендаровски.

По повод одбележувањето на на 3 декември, Меѓународниот ден на лица со попреченост, Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ беше домаќин на шаховски натпревар. Дел од натпреварот во шах беше и претседателот.

Не случајно, денешниот ден ќе го одбележиме со партија шах. Шахот знаете е многу повеќе од игра. Тоа е способност за носење вистински одлуки и повлекување вистински потези за решавање на сложени прашања. Нешто слично би требало да биде и политиката – носење мудри одлуки за решавање на проблемите на граѓаните. Пораката што денес сакаме да ја пратиме е дека сите вие треба да имате можност активно да се вклучите во носењето одлуки и креирањето политики, особено оние кои се однесуваат на вас. Само така ќе успееме доследно да ги постигнеме целите за одржлив развој 2030-та година.  заклучи претседателот Пендаровски.

OhridNews