Според последните информации во Општина Дебрца се’ уште има прекин во електроснадбувањето во селата Врбјани, Годивје и Лактиње. Како што информираше градоначалникот Зоран Ногачески, екипи од ЕВН се на терен и се прават напори до вечерва и тие села да добијат струја.

Од моменталната ситуација, најверојатно е дека без електрична енергија и вечерва ќе останат селата Сливово, Турје и Мраморец, додава Ногачески.

Како што информираа од Центарот за управување со кризи, во Општина Дебрца патните правци се проодни во зимски услови.

Проблемот со електроснабдувањето со електрична енергија во Охрид, Струга и делови од Дебрца настана во саботата (11.12.2021) кога поради снежните врнежи без напон останаа 110кV далековод Вруток- Шпиље и 110кV далековод Битола- Ресен.

К.А.