Сопствениците на станови кои беа поплавени поради дефект на главната водоводна цевка во населбата Охридати се‘ уште ја сумираат направената штета. На местото на настанот вчера попладне беше извршен увид во присуство на Истражен судија, вешти лица и правни застапници на оштетените, кои се воздржаа од коментар.

Екипи на јавното претпријатие „Водовод Охрид“ вчера вечерта го отстранија дефектот на главната водоводна цевка кој предизвика поплава во населбата Охридати. Поради интервенцијата извесен период делови од градот беа без вода за пиење. Водоснабдувањето на овие места е нормализирано.

И покрај обидите од Водовод не добивме официјален став за причините кои доведоа до пукање на главната водоводна цевка со пречник фи-300, која минува низ дворовите од зградите на улицата „АСНОМ“, како и дали и колкава штета претрпел поплавениот станбен објект.

OhridNews