Сообраќајните знаци на кружниот тек кај ЈЗУ Општа болница, кои неодамна беа искршени од непознати сторители, по налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при локалната самоуправа, се заменети со нови.
Како што информираат од општина Охрид, заменети се и други искршени сообраќајни знаци на други локации.
Од Одделението за сообраќај и улици апелираат дека со заедничка акција на сите општествено одговорни институции, треба да се стави крај на вандаилизмот и сторителите да одговараат пред законот.
Исто така, во текот на утрешниот ден ќе бидат санирани оштетените заштитни столбчиња на малиот плоштад кај поранешната градска библиотека.
OhridNews