Од министерството за внатрешни работи информираат дека денес, околу 9.20 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, се запалил автобус со скопски регистерски таблици, кој се движел кон Охрид. Автобусот се запалил во пределот на моторот, по што запрел и од него излегле сите патници. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, нема повредени.

Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Неофицијално, станува збор за автобус со ученици кои патувале на екскурзија во Охрид.

OhridNews