Ноќеска во 00:16 часот во СВР Охрид е пријавено дека на патниот правец Охрид-Кичево, во близина на с.Врбјани, настанал пожар во возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки во движење, сопственост на фирма од Тетово, а управувано од 40 годишно лице од с.Ново Село, тетовско.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево, а возачот и сопатникот, 29-годишен, од с.Голема Речица, тетовско, се здобиле со повреди и им била укажана помош од Итна медицинска помош Охрид, информираат од СВР Охрид.

Посочуваат дека увид бил извршен.

OhridNews