– Се одлучивме на ваков чекор како превенција од бројните немили настани за кои постојано слушаме на медиумите и со цел да ги заштитиме учениците. Често пати се случувало да доаѓаат деца од други школи или средношколци кои потоа правеле проблеми. Доколку учениците носат униформа, полесно може да се забележат оние кои престојуваат во училишниот двор или зграда, а кои не се од нашето школо, вели Ставрески.
Родителите реагираат што не биле запознаени со ваквата одлука до незјиното носење и коментираат дека ако веќе се донела одлука децата да носат униформи тоа да биде од почетокот на идната учебна година.
Од безбедносни причини во дел од основните и средни училишта во Охрид веќе се поставени безбедносни камери, а чувари ги обезбедуваат објектите во вечерните часови.
Од Локалната самоуправа најавуваат дека за десеттина дена ќе биде зголемена безбедноста во школите низ градот преку изнајмување лица од Агенциите за обезбедување.
– По препорака од ЗЕЛС, започната е постапка за физичко обезбедување на училиштата, која ќе се реализира со подршка и средства од локалната самоуправа , вели Митре Велјаноски, советникот за образование при Локалната самоуправа.