Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница. Неофицијално, на седницата ќе се разговара за актуелните случувања по гласањето во парламентот откако со 80 гласа помина првата фаза во процесот на уставни промени, што се изврши со помош на осумте гласови од пратеници од опозицијата и коалицијата.

Во пресрет на најавената седница, поддршка на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи му упатија дел од членовите, меѓу кои Антонио Милошоски, Влатко Ѓорчев, Трајко Велјановски.

Во јавноста се шпекулира дека можно е на вечерашната седница да се носи одлука за нови исклучувања од партијата, како и дека постои судир на две фракции. Од партијата не информираа за што точно ќе се разговара.

OhridNews